Фото: МВР

Скопски возач на автобус превезувал патници без возачка дозвола

Мобилна полициска единица во општината Ѓорче Петров во Скопје уапси возач на автобус „мерцедес“ со скопски регистрации, кој вршел јавен превоз на патници без важечка возачка дозвола. За сопственикот на возилото се најавени санкции.

„На улицата ‘Панајот Гиновски’ во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР, лишен од слобода е возач на автобус марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола. Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидената санкција. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот“, соопштуваат од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што треба, како што велат, заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот