Скопска Апелација продолжи со одржување на јавните седници и расправи

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелацискиот суд Скопје од вчера продолжува со одржување на закажаните јавни седници и расправи, согласно Одлуката за постапување на судовите во Републикава во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од Судскиот Совет на Република Северна Македонија и објавена на веб страната на судот.

-Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, велат од Апелацискиот суд Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот