Фото: Принтскрин

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, Ново Лисиче со најголем индекс на загаденост

Скопје денеска повторно се наоѓа и се искачува на неславната листа на најзагадени градови во светот – според податоците на IQAir каде главниот град на Македонија е рангиран како 19‑ти најзагаден град во светот.

Во Скопје вечерва регистрирани се екстремно високи концентрации на штетни честички на повеќе локации во градот и околината. Податоците покажуваат дека воздухот во неколку клучни реони е во опасната зона, што сериозно го загрозува здравјето на граѓаните.

Според последните мерења, Ново Лисиче е најкритично со индекс на квалитет на воздухот (AQI) 166, што се категоризира како „нездраво“, а потоа следува Центар (околу Рамстор и Плоштад) со индекс 153, Железара со 152 и Козле/Карпош со 135.

Овие вредности далеку ги надминуваат препораките на СЗО и укажуваат на висока концентрација на ситни штетни честички како PM₁₀ и PM₂.₅, кои најлесно навлегуваат во белите дробови и крвотокот.

Скопјани и вечерва ќе дишат тежок и опасен воздух, а останува да се види дали градските и државните власти ќе воведат мерки за намалување на загадувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот