Скопје и Брегалница не даваа голови, добиваа црвени картони

Фото: ФК Брегалница Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, екипите на Скопје и Брегалница одиграа без голови, но му создадоа многу работа на судијата Стојанче Трпчевски кој покажа два црвени картони.

Првиот црвен картон го доби играчот на Брегалница, Даниел Мојсов во 69 минута тоа во првиот натпревар откако се „ладеше“ во претходните три кола поради исклучувањето во дуелот со Кавардарци.

Домаќините не успеаја да ја искористат предноста со играч повеќе на теренот во Автокоманда и во финишот остана без Благоја Тодоровски. Брегалница по осум кола се наоѓа на четвртото место со 11 бода колку што има и Шкупи, додека Скопје е на делба на 10 место со Победа. И двете екипи имаат по четири бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот