Скопје доби нов мурал од уличниот артист Андреј Јосифовски

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни.

Зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито” во Скопје доби нов уметнички мурал насликан од архитектот и уличен артист од Белград Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист”.

Муралот претствува прва арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје, кој е нарачка од Халкбанк АД Скопје, како поддршка за заедницата и ја пренесува пораката „Важни се луѓето”, што е и корпоративниот слоган на банката.

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот