Скопјани гласаат во ист број како на претходните локални избори
Излезноста во повеќето скопски општини до 13 часот е значително пониска од онаа забележана на локалните избори во 2017 година, но речиси идентична со излезноста од 2021 година, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Препорачано
Во 2017 година до 13 часот во Општина Аеродром гласале 33,97 отсто од запишаните избирачи, додека денеска на истото избирачко време право на глас искористиле 20,63 отсто.
Сличен тренд се забележува и во Центар, каде што до 13 часот годинава гласале 22,03 проценти, за разлика од 33,54 проценти во 2017 година.
Во Карпош излезноста до 13 часот е 21,69 отсто, додека пред осум години изнесувала 34,60 отсто. Во Гази Баба гласале 19,06 проценти, наспроти 30,25 проценти во 2017 година, а во Кисела Вода – 20,89 отсто сега, наспроти 32,57 отсто тогаш.
Единствено, во Чаир и Сарај има мало зголемување на излезноста во споредба со 2021 година, но таа сè уште е значително пониска од 2017 година.
Според аналитичарите, падот на излезноста во скопскиот регион може да се должи на намалениот интерес на гласачите и на заситеноста од политичката понуда, но и на фактот што во претходните изборни циклуси имаше поголема мобилизација на гласачите во првиот круг.
Во Град Скопје излезноста е 31,16 проценти до 15 часот, односно во општина Аеродром излезноста е 31,50%, Бутел 30,10%, Гази Баба 27,82%, Карпош 33,37%, Кисела Вода 31,58 %, Центар 34,40, Чаир 35,30 %, Ѓорче Петров 30,11%, Сарај 36,33% и Шуто Оризари 21,99%.
До 15 часот гласале над половина милион граѓани – највисока излезност има во Чашка и во Новаци


