Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

До 15 часот гласале над половина милион граѓани – највисока излезност има во Чашка и во Новаци

Во Град Скопје излезноста е 31,16 проценти, односно во општина Аеродром излезноста е 31,50%, Бутел 30,10%, Гази Баба 27,82%, Карпош 33,37%, Кисела Вода 31,58 %, Центар 34,40, Чаир 35,30 %, Ѓорче Петров 30,11%, Сарај 36,33% и Шуто Оризари 21,99%.

До 15 часот излезноста на Локалните избори е 31,16 проценти. Како што кажаа на прес-конференцијата на Државната изборна комисија добиени се податоци од 91,16 проценти од избирачки места и досега гласале 515,069 граѓани.

Најголема излезност има во општините Берово 40,14%, Богданци 39,57%, Валандово 35,88%, Гевгелија 35,78%, Градско 37,12%, Дебарца 43,43%, Демир Капија 46,65%, Дојран 48,88%, Зелениково 41,34%, Кратово 42,35%, Крушево 47,47%, Лозово 47,32%, Македонски Брод 48,21%, Новаци 52,84%, Пробиштип 45,12%, Росоман 46,46% и Чашка 53,19%.

Најмала излезност има во општините Центар Жупа 17,12%, Радовиш 24,24%, Маврово и Ростуше 20,14%, Гостивар 20,95% и Врапчиште 14,94%.

Во Град Скопје излезноста е 31,16 проценти, односно во општина Аеродром излезноста е 31,50%, Бутел 30,10%, Гази Баба 27,82%, Карпош 33,37%, Кисела Вода 31,58 %, Центар 34,40, Чаир 35,30 %, Ѓорче Петров 30,11%, Сарај 36,33% и Шуто Оризари 21,99%.

Во ДИК рекоа дека до сега нема пристигнати приговори.

Меѓутоа кандидатите на една листа на независни за Општина Центар соопштија дека поднеле приговор затоа што покрај имињата на нивниот кандидат за градоначалник и носител на листа за советници не било отпечатено нивното лого што уште во септември било испратено до ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот