Фото: Negative Space

Скопјанец му ја дал колата на иселеник во Австрија да ја вози додека е во Македонија, тој не му ја вратил

63-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека лани му го дал својот автомобил на иселеник во Австрија со полномошно, за да го вози додека е во земјава, но тој и по една година не му го вратил, соопшти МВР.

„На 24.07.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје, 63-годишен маж од Скопје пријави дека А.П.(58) од скопско село, со престој во Република Австрија, не му го вратил неговото патничко возило „киа соренто“ со скопски регистарски ознаки, на кого во јули 2024 година со заверено полномошно на нотар му го дал да го управува додека престојува во државата, по што го отповикал полномошното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот