Склучен договор меѓу „Триглав oсигурување“ АД Скопје и „Триглав ре“ Љубљана

Одборот на директори на „Триглав осигурување“ АД Скопје, на 155-та седница одржана на ден 08.03.2019 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување за 2019 година со „Триглав ре“ Љубљана бр.0202-2819 од 08.03.2019 година, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување за 2019 година помеѓу „Триглав осигурување“ АД Скопје и „Триглав ре“ Љубљана.

Во склучениот договор за реосигурување за 2019 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 191.510 евра; вредноста на Договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува 58.650 евра; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 2.800 евра; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува 31.050 евра, вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува 4.310 евра, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот