Скијачките центри во Европа се во минус поради температурите во плус

Скијање/ Фото Hercules Milas / Alamy / Alamy / Profimedia

Европа зачекори во јануари со температурни рекорди кои создаваат големи проблеми за скијачките центри. Многу скијачки центри во Франција и Швајцарија веднаш по почетокот на сезоната мораа да ги стопираат машините бидејќи останаа без снег, а високите температури ги спречија да користат вештачки снег.

Седум европски земји забележаа рекордни температури за време на новогодишните празници, додека во Франција речиси половина од скијачките центри се затворени поради недостаток на снег, вклучувајќи најмалку десет на француските Пиринеи и десетици во регионот Изер на француските Алпи.

Температурата на воздухот во Франција на крајот на годината беше највисока во последните 25 години. Во скијачката област Шамони се исклучени топовите за вештачки снег бидејќи имаат проблеми со недостиг на вода.

Во Аделбоден, Швајцарија до последен пат се изборија да ја подготват патеката за мечот од Светскиот куп, иако ски-центарот се наоѓа на надморска височина од 2.000 метри. Целата патека е подготвена исклучиво со вештачки снег.

Швајцарското одморалиште Сплиген-Тамбо, кое се наоѓа на 1.480 метри надморска височина, најави дека ќе биде „затворено до натамошно известување“. Во Швајцарија некои одморалишта отворија дури и велосипедски патеки и не се потрудија да ги уредат скијачките патеки, објави Политика рс.

Скијачките центри околу Салцбург во Австрија влегоа во новата скијачка сезона со големи изгледи, бидејќи првата голема количина снег падна на крајот на ноември, но многу од нив мораа да ги запрат лифтовите на крајот на декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот