Скарлет Јохансон доживеала нервен слом: „Ве молам, тргнете ми се од патот“
Актерката Скарлет Јохансон ги нападна фотографите затоа што ѝ влегле во нејзиниот кадар за време на снимањето на филмот „Хартиен тигар“ (Paper Tiger) во Њујорк во четврток, објави „Дејли мејл“.
Препорачано
„Тргни се од патот!“, извика ѕвездата. Актерката, која носеше кратка виткана перика и фризура инспирирана од осумдесеттие години, дополнително ја изрази својата фрустрација гласно кажувајќи им на папараците да се тргнат од патот затоа што работи.
„Разбирам дека и ти работиш, но остави ме мене да си ја работам работата. Биди учтив“, додаде таа.
Потоа Јохансон успешно продолжи со снимањето на сцената. Тој ден, таа носела ретро облека: беж сако преку бела кошула, која беше ставена во маслинесто обоени панталони со висок струк. Изгледот го надополнила со кафеави сандали со отворени прсти, беж чанта и златни ѓердани.
Актерката во филмот игра мајка – таа е фотографирана како прегрнува момче во униформа на приватно училиште. Филмската ѕвезда ја снимила сцената пред семејниот дом во Њујорк, каде што изгледала вознемирена и на работ на солзи. Во филмот глуми и актерот Адам Драјвер.
Во нејзино друштво бил и актерот Мајлс Телер, за кој се верува дека го игра нејзиниот сопруг, и две момчиња. Филмот моментално се опишува како напнат и суров филм кој истражува теми за предавство додека едно семејство се распаѓа. Приказната се врти околу двајца браќа кои се обидуваат да заработат брзо, но наместо тоа се фаќаат во шема што е премногу добра за да биде вистина.
Скарлет Јохансон откри како била третирана во Холивуд: „Бев сексуализирана, но …“


