Скариоло поради коментари на прес-конференција доби отказ

фото: EPA-EFE/Angel Medina G.

Италијанскиот кошаркарски клуб Виртус од Болоња денеска потврди дека го смени досегашниот тренер Серџо Скариоло. Виртус преку соопштение потврди дека Скариоло е разрешен од должноста поради неговите коментари на прес-конференцијата пред почетокот на новата сезона.

„Клубот го изгради овој тим и ми го дадоа мене. Списокот го изгради менаџментот и треба да им ја дадеме потребната заслуга што може да го направи овој список во рамките на достапните ресурси.“ – изјави тогаш Скариоло.

Очигледно таа изјава не им се допадна на првите луѓе на Виртус кои решија да му врачат отказ на искусниот италијански тренер.

– Изјавите на тренерот на прес-конференцијата на 13 септември, кои следуваат по оние од крајот на минатата сезона на 27 јуни, за жал го нарушуваат мирот и ентузијазмот во средината на Виртус и тимот кој се подготвува за првите натпреварувачки обврски во нова сезона, со цел да се постигнат значајни резултати како на национално така и на меѓународен план – се вели во соопштението на клубот.

Шпанскиот тренер, чиј договор траеше до следното лето, го врати Виртус во Евролигата откако со клубот го освои Еврокупот во 2022 година.

Клубот од Болоња тогаш ја заврши првата сезона во Евролигата, по 15 години отсуство, на 14 место на табелата со скор од 14 победи и 20 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот