Скандирајќи „Никогаш Северна, само Македонија“, членови на Комити и Војводи ја спречија Шекеринска да даде изјава (ВИДЕО)

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ гласно скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска која им се извини на медиуите коментирајќи дека станува збор за политички мотивиран настан.

Навивачите продолжија да пеат патриотски песни по заминувањето на Шекеринска и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.

Видео:360 степени.мк

СДСМ: Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките, го повикуваме МВР да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот