ВИДЕО | Скандалите, дрогата и падот на Чарли Шин: Нетфликс открива сè во нов документарец
Нетфликс објави трејлер за новиот документарен филм „aka Charlie Sheen“, кој ќе има премиера на 10 септември, само неколку дена по 60-тиот роденден на познатиот холивудски актер. Документарецот ја прикажува борбата на Чарли Шин со славата, што доведе до неговото озлогласено отпуштање во 2011 година од серијата „Два и пол мажи“, проследено со неговиот пат кон трезвеност, пипува „Варајети“.
Препорачано
По седум години трезвен живот, Чарли Шин отворено зборува за својот јавен пад, борбата со зависности, скандалите и патот до лична трансформација. Филмот носи интимна исповед во која актерот без филтри ги споделува најтешките моменти од својата кариера и приватен живот.
Во документарецот се појавуваат бројни личности кои биле дел од неговиот пат – поранешната сопруга Дениз Ричардс, колегата од „Два и пол мажи“, Џон Крајер, актерот Шон Пен, брат му Рамон Естевез, Хајди Флајс, Крис Такер, па дури и негов поранешен дилер за дрога. Ќе го слушнеме и сведоштвото на продуцентот Чак Лоре, со кого Шин често влегуваше во конфликти за време на снимањето на познатата серија.
„аka Charlie Sheen“ ветува да прикаже не само сензационални настани, туку и човек кој успеал да се издигне од сопствените падови, во потрага по искреност и нов почеток.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


