СКАНДАЛ: Лежел во затвор за дрога, а сега е директор на велешкиот затвор

Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на општина Битола одржа прес-конференција

Сегашниот директор на одделението во Велес на КПД Идризово, Ибрахим Ељези 4 години бил во затвор, тврди Методија Илиевски, советник на СДСМ во Советот на општина Битола. Тој вели и дека в.д. директорот на затворот во Прилеп, Емил Јанески, има кривична пријава за оштета на буџетот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп

Осудениот криминалец Ибрахим Ељези, кој лежел 4 години затвор, е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес, тврди на денешната прес конференција Методија Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

Тој вели дека Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово.

– Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Сега истиот овој човек, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес – вели Илиевски.

Тој исто така прстот го впери и во Емил Јанески, за кој вели дека со кривична пријава за „несовесно работење“ со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп.

-Јанески во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата” и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2,3 милиони денари. Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески. И сега истиот тој ВМРО-ДПМНЕ го назнаува за в.д. директор на затвор – посочи Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот