Скандал ја тресе Хрватска: Масовни апсења поради лажни ковид-сертификати, на списокот и Тони Цетински

Фото: Инстаграм

Во најновата акција на УСКОК во средата наутро се уапсени 12 лица, предводени од поранешната медицинска сестра од Домот на здравје Загреб – Запад, Петра Румиха (32), но како што дознаваат хрватските медиуми, многу поголем е бројот на пријавени од полицијата кои добиле лажни ковид-потврди со помош на Румиха и други посредници, а меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, пишува „Јутарњи лист“.


По избувнувањето на пандемијата на ковид, Тони Цетински во повеќе наврати ги искажуваше своите антиваксерски ставови. На почетокот на избувнувањето на пандемијата, а особено со воведувањето на карантинот и режимот за издавање ковид-потврди, Цетински се позиционираше како една од најистакнатите јавни личности кои ги оспоруваше овие мерки.

„Кој сака нека се вакцинира, немам ништо против. Не давам. Јас едноставно не дозволувам никој да ме вакцинира. Отворете го Голи Оток за нас што не сакаме вакцина, па приведете нè со лисици, затворете нè, заклучете нè, ​​чекајте да заспиеме или заспијте нè, па вакцинирајте нè сосила. Нема шанси!“, е само една од јавните објави на Цетински во кои тој жестоко се спротивставуваше на вакцинацијата.

Уште поогорчен бил за ковид-потврдите, па во декември 2021 година го откажал адвенскиот концерт во Задар кога дознал дека сертификатите за ковид се услов за публиката да влезе на концертот.

„Моите соработници (15 семејства) кои се секогаш дел од погонот и нашето дејствување на сите концерти, мојата публика и мојата маленкост би биле пресреќни да засвириме и пееме како и безброј пати во претходните години во Задар, сакаме да доаѓаме и да се забавуваме во тој прекрасен град, но ете повторувам, „КОВИД-ПОТВРДАТА НА НАШИТЕ КОНЦЕРТИ НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАШИТЕ ЖИВОТНИ ВЕРУВАЊА И НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ КУПЕНИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ, А КАМОЛИ ЗА ПОДДРЖУВАЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ВЕЌЕ СПОМЕНАТИТЕ ПОТВРДИ“, објави тогаш Цетински на социјалните мрежи.

Тони Цетински за животот во пандемија: Едвај преживeав, јас и сопругата живееме скромно

„Во чест и сеќавање на Тоше”: Поштенска марка по повод роденденот на Тоше Проески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот