„Во чест и сеќавање на Тоше”: Поштенска марка по повод роденденот на Тоше Проески

Фото МИА.мк

АД „Пошта на Северна Македонија” по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше” преку која може да се купи поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт.

Како што појаснија од Поштата, филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта.

– Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда. Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15 декември 2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна, се вели во соопштението.

Да се потсетиме, додаваат, на Тоше и да испратиме картичка со поштенска марка, со ликот на Тоше, на наш пријател или до Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и да напишеме колку ни значи Тоше.

– Да покажеме дека и сите ние, го сакаме исто толку, колку што тој нè сакаше нас!, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот