Скандал: Членови на семејства на челниците на МОК и на АМС дел од делегацијата во Токио?!

фото: Македонски олимписки комитет

Иако најавија дека на Олимписките игри „нема да има шетачи“, дел од челниците на Македонскиот олимписки комитет (МОК) го направи токму тоа, си ставија нивни членови од семејствата како дел од делегацијата на Игрите во Токио.

Голманот на РК Вардар, Борко Ристовски на социјалните мрежи го објави списокот на патници кои не се поврзани со спортот, а единствено на истиот се наоѓаат поради тоа што се дел од најблиското семејство на највисоките функционери.

Списокот е потпишан од претседателот на МОК Даниел Димевски, и тоа барајќи приоритетна вакцинација за олимписката делегација во Токио. Списокот е испратен уште на 3 мај, и на него има лица кои не се поврзани со спортот, туку се членови на семејството на функционерите на МОК и на АМС.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски во Токио ја повел сопругата, а истот го сторил и директорот на АМС, Наумче Мојсоски, а во олимписката делегација има и членови на семејството на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

Челнците на МОК на официјалната прес конференција пред заминувањето на олимпијците на Игрите во Токио најавија дека во делегацијата ќе бидат само тие што заслужуваат, односно  тренерите на спортистите, дека водич на делегацијата ќе биде доктор Настов, и дека нема да дозволат претседатели на Федерации да се шетаат на Олимписки игри, но реалноста изгледа е поинаква. Челнците на МОК се чини дека заборавија да споменат дека сепак ќе има „шетачи“ на ОИ во Токио, но тоа се нивните најблиски членови на семејствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот