Сити не е првиот гигант кој бил на колена

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Манчестер сити не би бил првиот клуб кој би заработил голема суспензија, и останати фудбалски гиганти не успеале да се спасат.

Годините на успеси и постојан напредок под палката на сопствениот, Шеикот Мансур, за Манчестер сити завршија со суспензијата од страна на УЕФА.

Се уште актуелниот англиски шампион заработи двегодишна суспензија за настап во европските купови поради финансиски малверзации и прекршување на финансискиот фер-плеј.

Покрај суспензијата од Европа, на „граѓаните“ им се заканува и одземање на бодови во Премиер лигата, а се почесто се слуша и евентуално исфрлање од Премиер лигата, доколку казната биде потврдена и од Судотза спортска арбитража во Лозана.

Манчестер сити не би бил првиот клуб кој би заработил голема суспензија, и останати фудбалски гиганти не успеале да се спасат, а порталот „90min“ ги издвои шест тешки суспензии на екипи кои го потресоа фудбалскиот свет.

ЈУВЕНТУС
Најпознат е случајот со Јувентус, кој од 2004 до 2006 година освои две титули во Серија А под водство на Фабио Капело. Но, на крајот од сезоната 2005/06 „старата дама“ остана без двете титули, а под полициска истрага се најде комплетната управа на тимот, дел од фудбалерите како и фудбалски судии.

Челниците на екипата предводени од Лучано Моџи беа фатени како вршат притисок врзџ судиите, односно бираат кои судии да му судат на Јувентус во големата афера „Калчополи“.

Екипата беше испратена во Серија Б и наредната сезона ја започна со минус од 9 бода. Сепак, на крајот од сезоната „старата дама“ успеа да се врати во Серија А и тоа благодарение на тоа што големи ѕвезди како Џанлуиџи Буфон, Џорџо Кјелини, Алесандро дел Пјеро и Павел Недвед, не ја напуштија екипата и играа во втората лига.

ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС
Во својата историја екипата на Глазгов ренџерс дури 54 пати ја освојуваше титулата во шкотскиот шампионат, а притоа имаат и 60. триумфи во Куп натпреварувањата во Шкотска.

Славната историја на тимот падна во заборав поради лошото управување со клубот на почетокот од 21 век. Во 2012 година екипата доби принудна управа, а четири месеци подоцна беше прогласен банкрот.

Ренџерс беше исфрлен во најниската професионална лига во Шкотска, четвртата но благодарение на огромната поддршка од навивачите и со добрите потези на новата управа, екипата за четири години се врати во шкотската Премиер лига, но го загуби приматот на најдобар тим.

Сега во Шкотска „владее“ Селтик, додека Ренџерс дури сезонава стана сериозен конкурент за трофеите.

ОЛИМПИК МАРСЕЈ
На тапет се најде и славниот француски тим, Олимпик Марсеј и тоа поради матните работи на првите луѓе на тимот, Бернар Тапи и Жан-Пјер Берн. Тие во сезоната 1992/93 на шест дена пред одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите против Милан, се обидоа да поткупат фудбалери на Валенсиен за да му „пуштат“ на Марсеј.

На Олимпик му беа потребни бодовите од дуелот со Валенсиен бидејќи без во мртва трка за титулата со ПСЖ и Монако.

Јавноста дозна за потегот на Тапи и Берн откако неколку фудбалери на Валенсиен проговорија. Епилогот е суспензија на клубот кој во сезоната 1994/95 беше исфрлен во втората лига. Скандалот го уништи угледот на Олимпик Марсеј иако една година претходно станаа европски шампиони.

ПАРМА
Почетокот на 2000-тите години тргнаа лошо за Парма иако во 2002 година триумфираше во Купот на Италија.

Соптвеник на Парма беше компанијата Пармалат на Калисто Танѕи која западна во финансиски проблеми и по неколку години банкротира. Тоа се рефлектира и на Парма која прво полека ги губеше најголемите ѕвезди како Џанлуиџи Буфон, Лилиан Туран, Фабио Канаваро и Ернан Креспо, по што западна во огромни финансиски проблеми.

Во 2015 година Парма прогласи банкрот и беше исфрлена во четвртата лига, но по четири години, со нова управа успеа да се врати во Серија А.

БОАВИСТА
Седум години откако ја освоија единствената титула во Португалија (2000/01), клубот се соочи со тешки обвинувања дека учествувал во подмитување на судии како и вршење на притисоци врз нив. Боависта беше исфрлена во втората лига, а две години подоцна повторно беа исфрлени во втората лига.

Едно време играа и во третата португалска лига, но откако им беше усвоена жалбата до португалскиот Суд во 2014 година тие се вратија во првата лига, но се далеку од трофеите.

СТЕАУА
Екипата ЦСА Стеауа е формирана 1947 година како спортска секција на романската војска. Во 1998 година клубор се одвои од спортското друштво и започна самостојно да функционира.

Се беше во ред до 2014 година кога Армијата поднесе тужба бидејќи таа ги има ексклузивните права за оригиналното име на клубот. ЦСА стана ФК Стеауа Букурешт, а оригиналното име и беше вратено на Армијата. ЦСА сега настапува во четвртата романска екипа, а управите на двата клуба тврдат дека тие се сопственици на титулата во Купот на Европските шампиони од 1986 година и сите освоени титули пред 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот