Сите го паметиме како злобниот но и згоден заводник од Титаник – Денес нема ниту трага од неговиот заводлив лик (ФОТО)

профимедиа

Били Зејн бил фотографиран во непрепознатливо издание на плажа во Малибу, додека се дружел со Овен Вилсон.

Кариерата на холивудскиот актер Били Зејн ја одбележа улогата на тајкунот Каледон во филмскиот класик „Титаник“, а сите го паметат како главен негативец.

Во 1997-та година тој ја добил улогата на „расипаниот“ тајкун чија главна цел беше да се венча со Роуз која што ја глумеше Кејт Винслет, а чие срце во филмот го освои сиромашниот лик на Џек – Леонардо ди Каприо.

профимедиа

„Сонот на секој актер е да биде дел од еден таков филм, тоа беше благослов, но во исто време познато е дека во Холивуд ретки се тие кои што ризикуваат. Сите играат на сигурна карта затоа што во прашање се големи пари. Поради тоа, кога ќе дојдете на аудиција, знаете каков вид човек бара продуцентот. Јас оттогаш станав синоним за злобно момче – негативец. Таква ситуација на крајот ве тера да станете поиновативен, да снимате независни, но и вистинити филмови“ – изјавил 54-годишниот Зејн.

профимедиа

Били некогаш го крадел целото внимание кај жените, со својата густа, темна коса, меѓутоа оттогаш до денес многу работи се промениле.

Во тоа може да не убедат и последните фотографии каде што актерот се гледа дека е ќелав и дека има вишок килограми.

профимедиа

Што се однесува до љубовниот живот на Били, тој бил во брак со Лиса Колинс од 1989-та до 1995-та година, а бил верен и со актерката Леонора Варел.

Ја запросил и колешката Кели Брук, но со неа се разделил во 2008-та година. Потоа бил во врска со хрватскиот модел Јасмина, но врската не траела долго.

профимедиа

По многуте неуспешни врски, актерот ја запознал Кендис Нели, со која што има две ќерки и со која што моментално е верен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот