Марија Митева / Фото: Влада на РСМ

Системот бил во длабок сон, вели Марија Митева, но трагедијата во Кочани го разбудила

„Трагедијата во Кочани претставува тешка лекција и сериозен аларм за државата“, рече портпаролката на Владата и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“, наведувајќи дека системот „предолго време“ бил во „длабок сон“.

Суштината, вели таа, не е само во „будењето“ на системот, туку во неговото стабилно и континуирано функционирање, независно од политичките промени.

„Кочани беше една тешка лекција за сите и силен аларм за државата, затоа што системот предолго време беше во длабок сон. Но, поважно е кога ќе го изградите системот, тој да продолжи да функционира и да не се руши со секоја промена на власта, туку да работи врз принципи кои ќе се почитуваат доследно“, рече Митева, не објаснувајќи што ја спречило нејзината партија и владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да го будат и да го менуваат заспаниот систем во десетте месеци помеѓу доаѓањето на власт и трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Според неа, по трагедијата биле спроведени засилени инспекциски контроли и направена сеопфатна анализа на институционалните слабости, со цел да се намали ризикот од злоупотреби.

Раните не се затворија, сега се уште подлабоки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот