Кашлица/Фото: Zoonar/Svyatoslav Lypynskyy, Zoonar GmbH / Alamy / Profimedia

Сируп против кашлица или мед и лимон? Докторка открива што е подобро за нашето здравје

Во најголем број случаи, кашлицата поминува сама по себе за неколку недели без употреба на антибиотици, но ако трае повеќе од три недели, треба да се обратите со лекар.

Зимата е на прагот и вирусите повторно се раширени, а какофонијата на кашлање може да се слушне во домаќинствата, канцелариите и јавниот превоз.

Луѓето во овие ситуации често посегнуваат по сируп против кашлица.

Но, дали тоа помага или истото можеме да го постигнеме со земање мед и лимон?

Џеки Смит, професорка по респираторна медицина на Универзитетот во Манчестер, се обидува да ги одвои фактите од митовите за Би-би-си.

Кашлицата најчесто се појавува поради настинка, а вирусите што циркулираат во текот на студената сезона обично природно се движат низ нашиот организам.

Сирупите против кашлица не можат да го излекуваат вирусот, но можат да ја ублажат кашлицата и да ја намалат иритацијата што ја чувствуваме во грлото.

Ако имаме сува кашлица, тогаш со избирање балсами или многу слатки сирупи со супстанции како глицерол, можеме да го „обложиме грлото“ и да го заштитиме од сушење, вели професорката Смит.

Но, не се исплати да ги плаќате, кога истиот ефект можеме да го постигнеме користејќи намирници од пазарите и продавниците, додава таа.

Треба да обрнете внимание на декларациите што ја истакнуваат содржината на шеќер, која често е многу висока во слатките сирупи.

Лековите без шеќер можат да бидат подобар избор, ако сакаме да го избегнеме тоа.

Во рекламите за лекови против кашлица честопати се наведува дека содржат „активни состојки“.

Тоа може да биде декстрометорфан, кој наводно го смирува рефлексот на кашлица, но професорката Смит вели дека има минимален ефект.

Таа додава дека дозата е секогаш важна, особено со декстрометорфан, кој може да предизвика зависност.

„Сигурно не сакате да земате поголеми дози од препорачаните на пакувањето“, предупредува таа.

Левоментол е состојка во некои сирупи против кашлица што почнува од градите и има „ефект на ладење“ на задниот дел од непцето, па затоа го ублажува чешањето во грлото и чувството на иритација.

Пијте вода и почекајте да помине

Кога кашлицата започнува од градите, многумина се борат со море од слуз и стегање во градниот кош.

Ова може да биде последица на секундарни инфекции, како што е бронхитис, кој предизвикува воспаление на дишните патишта, или дополнително создавање на слуз во носот и синусите.

Луѓето природно тогаш ги купуваат сирупите без потребниот рецепт, но професорката Смит е скептичен во врска со нивниот ефект.

Состојката гуаифенезис, на пример, наводно го намалува лачењето на слуз, но ова не е целосно докажано.

Додека некои антихистаминици со седативно дејство, како што е дифенхидрамин, може да ви помогнат полесно да спиете, тие нема да ја излекуваат вашата кашлица.

Малку докази постојат дека билни препарати како мајчина душица или праз можат да помогнат.

Професорката Смит верува дека е најдобро да се „почека да помине“, да се пие многу вода за да се остане хидриран и да се земаат пастили кои ќе го олеснат голтањето и ќе ја „запрат кашлицата“ извесно време.

Може ли медот и лимонот да помогнат?

Топол, домашен пијалак од мед и лимон може да има еднаков смирувачки ефект на сувата кашлица како и сирупите што ги купуваме без рецепт.

Истражувањата, како што е прегледот на Кокрејн, покажале дека употребата на тие состојки може да има „некој ефект“ кај деца постари од една година со сува кашлица и настинка, вели Смит.

Искашлување

Важно е да не заборавиме дека е потребно да искашлуваме.

Вака нашето тело се ослободува од шлајмот.

Ако го искашлуваме секретот, можеме да ги исчистиме дишните патишта кога ќе го исплукаме вишокот.

„Искашлувам сè што е потребно. Не се обидувам да ја задржам кашлицата, туку ја пуштам да излезе надвор“, вели професорката.

Ако го правите тоа, користете марамче.

Но, ако го проголтате секретот, тоа нема да ви наштети и тој ќе се разгради во стомакот.

Треба да се следи бојата на секретот што го искашлуваме, а ако е темнокафеава боја, тогаш „може да има крв во него“.

Во повеќето случаи, кашлицата која минува низ градите поминува за неколку недели без употреба на антибиотици, но ако трае повеќе од три недели, професорката Смит препорачува да се посети лекар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот