Одред на ХТС парадира низ Дамаск - Фотографија ЕПА, Хасан Белал

Сиријците ќе се стрпат четири години до избори

Организирањето на избори во Сирија може да потрае до четири години, најави Ахмед ал Шара, лидерот на бунтовниците што го соборија режимот на Башар ал Асад и ја презедоа власта во Дамаск.

Ал Шара во интервју за саудиската телевизија „Ал Арабија“ изјави дека се потребни три години само за да се состави новиот Устав на Сирија.

Сиријците, сепак, ќе можат многу порано, по околу една година да ги почувствуваат „драстичните промени“.

Главата цел на групата Хајат Тахрир ал Шам е да ја стабилизираат хаотичната ситуација во земјата откако армијата го положи оружјето и се распушти, а претседателот Асад побегна во егзил во Русија. Групата ХТС, која сѐ уште е на списоците со терористички организации, настојува да се претстави како реформска и толерантна сила што би одржувала добрососедски односи и би ја извлекла Сирија од меѓународната изолација по 13-годишната крвава граѓанска војна.

Ал Шара најави дека ХТС официјано ќе биде распуштена на Конференција за национален дијалог и ќе се претопи во политичко движење.

Новиот лидер изрази надеж на соработка и со Русија, која му беше главен сојузник на Асад и има две големи воени бази во Сирија. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека ќе се одржат преговори за редефинирање на статусот на руските бази.

Ал Шара изрази надеж дека идниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите што САД ѝ ги наметнаа на Сирија поради автократскиот режим на Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот