Аријана Гранде и Синтија Ериво - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Синтија Ериво за блискиот однос со Аријана Гранде: Луѓето не веруваа дека сме вистински пријателки

Синтија Ериво отворено проговори за својата блиска врска со Аријана Гранде, со која се зближи за време на снимањето на филмскиот мјузикл „Wicked“, пренесува „Пипл“.

Во интервју за „Вараети“, Ериво се осврна на повеќегодишната промотивна кампања за филмовите „Wicked“ и „Wicked: For Good“, како и на јавната перцепција за нивното пријателство.

Таа истакна дека многумина не верувале дека навистина се блиски пријателки, нагласувајќи дека тоа делумно е затоа што јавноста не ја познава доволно.

„Мислам дека луѓето не баш веруваа дека сме пријателки, но тоа е и затоа што луѓето не ме познаваат добро. Ако сум пријателка, тогаш навистина сум тоа. Ако не сум, тогаш не сум. Навистина се грижевме една за друга“, изјави Ериво.

Таа додаде дека со Аријана често се соочувале со коментари и сомнежи околу нивната поврзаност, особено по доделувањето на Оскарите во 2024 година.

„Интересно е да се набљудува како луѓето ја гледаат реалноста во споредба со вистинската ситуација. Многу психолози седат дома и одлучуваат кои сме, низ што поминуваме, што правиме и зошто“, рече таа.

Ериво во своите мемоари „Simply More: A Book For Anyone Who Has Been Told They’re Too Much“ се присети дека пред почетокот на снимањето на „Wicked“ двете актерки направиле „пакт за поддршка“.

Како што наведе, се обврзале меѓусебно да се штитат и поддржуваат во текот на целиот процес, за да избегнат типични конфликти меѓу женски колешки кои можат да влијаат на креативната работа.

Во моментов Ериво настапува во монодрамата „Dracula“, а меѓу нејзините идни проекти се филмовите „Children of Blood and Bone“, „The Road Home“ и „Othello“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот