Исак и Џонатан Андик / Фото: Јутјуб / принтскрин

Синот на основачот на „Манго“ е уапсен, официјално го обвинија дека го турнал татка си од карпа

Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, најстариот син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик, под сомнение дека е вмешан во смртта на својот татко, јавува ЕФЕ.

Основачот на светскиот моден бренд, 71-годишниот Исак Андик, во декември 2024 година загина по пад од карпа висока речиси 150 метри додека планинареше во близина на Барселона заедно со тогаш 45-годишниот син. Џонатан бил единствениот сведок на трагичниот настан. По неколку недели од несреќата, полицијата ја затвори првичната истрага, но повторно ја активира во март 2025 година за во октомври истата година и официјално да потврди дека смртта на милијардерот се третира како можно убиство.

Портпаролот на регионалната полиција соопшти дека Џонатан Андик денеска бил спроведен во судот во Марторељ, град во Каталонија, каде што се води истрагата за овој случај. Андик ја извршува функцијата потпретседател на Управниот одбор на „Манго“.

Модната куќа претставува еден од најголемите шпански и европски малопродажни синџири, кој располага со речиси 2.900 продавници во 120 земји во светот, вклучувајќи и два продажни објекти во Белград. Првата продавница на брендот е отворена во Барселона во 1984 година, а според финансиските извештаи, компанијата во 2025 година остварила импресивен приход од речиси 3,8 милијарди евра.

Трагично загина сопственикот на модниот бренд „Манго“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот