Синоним за кошарка, особено во МЗТ, почина Анте Дуковски!

Фото: kfsm.mk

Доцна синоќа, македонската кошарка остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја.

На 66 годишна возраст, во Скопје, почина Анте Дуковски. Синоним за кошарка, особено во Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера.

Беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички..

Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Како прв тренер на „металците“ и ја донесе првата шампионска титула во самостојна Македонија. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ..Потоа долги години и со Александар Петровиќ.

„Колегче“, беше дел и од нашите репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП. Слава му!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот