Jаник Синер/EPA/CHEMA MOYA

Синер го освои Мадрид и се доближи на три победи од рекордот на Ѓоковиќ

Јаник Синер продолжува да доминира на светската тениска сцена, потврдувајќи ја својата форма со уште еден импресивен настап.

Италијанецот ја освои титулата на Мастерс турнирот во Мадрид, што е негова четврта во сезоната и петта по ред на ова ниво. Во финалето, Синер беше убедлив против Александер Зверев, славејќи со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за само 58 минути игра.

Германецот немаше одговор на агресивната игра на Синер, кој експресно поведе со 5-0 во првиот сет. Зверев успеа само да избегне „нула“, но тоа беше сè што направи во тој дел од мечот.

Во вториот сет накратко изгледаше дека ќе има поголема неизвесност, откако Зверев го освои првиот гем, но Синер повторно ја презеде контролата и со серија добиени гемови ја завери победата.

Со овој триумф, Синер испиша историја како прв тенисер со пет последователни Мастерс титули. Воедно, ја продолжи победничката серија на 28 натпревари на овие турнири и се доближи на само три победи до рекордот на Новак Ѓоковиќ. Следниот предизвик за него ќе биде Мастерсот во Рим, каде ќе има можност да ја продолжи серијата и да го комплетира колекцијата на Мастерс трофеи.

Ова воедно беше 28. АТП титула во кариерата на италијанскиот ас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот