Симовски: Внимателни сме, ја анализираме играта на белгискиот Еупен

фото: Ѓорче Петров - ЖРК

Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров се подготвува за двомечот против белгискиот Еупен во третото коло од ЕХФ Европскиот куп.

Првиот натпревар ќе се игра во Белгија в недела во 14.00 часот, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје во салата „Автокоманда“ од 20.00 часот.

Потсетување дека ракометарките предводени од тренерот Симе Симовски на стартот од клупското натпреварување забележаа две победи (43:22, 29:24) против црногорскиот ЖРК Тиват.

– Ја анализираме играта на нашиот ривал Еупен, внимателни сме. Две седмици работиме, како и дисциплинирано, со цел да бидеме спремни за натпреварот в недела и да ги намалиме грешките. Ќе се обидеме да ги израдуваме навивачите и да одиме во следната фаза. Не го потценуваме противникот, противникот има ракометарки кои настапуваат во младинскиот погон во Германија и Франција. Треба да ги нападнеме сериозно и да го покажеме тоа што го играме во последните три години – вели Симовски.

Ѓорчепетровки се моментно првопласирани во домашниот шампионат единствени без пораз со 21 освоен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот