Симоновска: Оваа година следуваат 703 милиони евра отплата на долгови

Земен е краткорочен кредит од домашните комерцијални банки со петкратно помала каматна стапка од 0,7 проценти, изјави Магдалена Симоновска во „Утрински брифинг“, која е посебен советник во Министерството за финансии.

Вкупното задолжување на државата со досегашните 6 еврообврзници достигнува 1,7 милијарди евра задолженост кај странските кредитори. За отплата, за разлика од порано министерството за финансии се обиде риволвингот кај странските кредитори да го замени кај домашните инвеститори, рече Магдалена Симоновска во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

-Година треба да се отплатат стари долгови во износ од 703 милиони евра, од кои надворешниот долг изнесува 438 милиони евра и домашниот долг од околу 264 милиони евра. Овој месец ни доспева кредит од Светска банка, односно втора и последна рата земен во 2013 година. За овој заем се обезбедени средства на почетокот на годината. Земен е краткорочен кредит од домашните комерцијални банки со петкратно помала каматна стапка од 0,7 проценти, изјави Магдалена Симоновска, која е посебен советник во Министерството за финансии.

Вториот голем кредит е 180 милиони евра, а тоа е останатиот дел од евробврзницата, тој се уплаќа во декември. Дел е од веќе издадена обврзница.

-За прв пат во 2018 година се уплати порано дел од таа обврзница, со каматна стапка од 2,75 посто. Планот е да се обезбедат со издавање на еврообврзница, меѓутоа имајќи предвид дека буџетот е стабилен и ликвиден, се следи меѓународниот пазар на капитал и се гледа да се добијат најоптималните услови со цел да се определи најдобриот тајминг кога би можела да се издаде евроообврзницата- рече во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ Магдалена Симоновска.

Околу големината на долгот по основ на еврообврзниците, Симоновска вели дека 1.628.000.000 евра е вкупниот износ и тие би се сервисирале зависно од политиките.

-На пазарот постојат повеќе начини како да се финансираат. Би сакал да истакнам дека еврообврзницата е најповолен начин на финасирање. Имајќи ги предвид економските услови се прават и различни стратегии и комбинации- вели Симоновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот