Симеоне официјално го продолжи договорот со Атлетико Мадрид

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Финансиските детали за договорот не се соопштени, но најавено е дека целиот стручен тим на Симеоне ќе ја продолжи соработката со „јорганџиите“.

Аргентинскиот тренер Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија, до 2024 година. Популарниот „Чоло“ е во клубот од 2011 година.

Во претходната сезона, тренерот од Буенос Аирес го предводеше клубот до 11 титула шампион на Шпанија во историјата, втора во неговиот мандат.

Финансиските детали за договорот не се соопштени, но најавено е дека целиот стручен тим на Симеоне ќе ја продолжи соработката со „јорганџиите“.

Со клубот од стадионот „Ванда Метрополитано“, 51-годишниот Аргентинец ја освои „Ла Лига“ во 2014 и 2021 година, Кралскиот куп во 2013 година, Лига Европа во 2012 и 2018 година, а во два наврати беше втор во Лигата на шампионите – во 2014 и 2016 година.

Претходно работел како тренер во Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот