Симеоне: Не ги гледав пеналите, но кога Облак е добар, не можеме да не победиме

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по голема драма и пенали се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Го елиминираа тимот на Интер, во првиот меч беше 0:1, но шпанскиот клуб овојпат стигна до 2:1 со голот на Мемфис Депај во 87 минута.

Тоа им донесе продолженија, а откако во тој период немаше голови, одлучуваа пенали каде Атлетико победи со 3:2. По натпреварот, тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне беше задоволен:

– Среќен сум за играчите, навивачите. По лошиот натпревар во Кадиз, реков дека не можам да барам ништо од публиката, бидејќи мораме да им вратиме на вистински начин. Сега бевме многу силни и имавме одлична поддршка, тоа ме прави особено среќен – изјави Симеоне.

Тој пофали неколку играчи од својот тим.

– Интер беше многу добар, играше физички, со многу сила. Витсел, Хермосо и Савиќ одиграа одличен натпревар. Тимот работеше многу добро. Што се однесува до замените, ни требаа свежи нозе. На крајот сè беше добро – додаде Симеоне.

Пеналите беа посебна приказна, имаше голема нервоза.

– Не ги гледав пеналите, бидејќи не сум мирен и не правам добри работи додека ги гледам. Облак беше одличен. Кога е добар, тешко е да не победиш – вели тренерот на Атлетико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот