Силен земјотрес во Иран

Земјотрес / Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди провинцијата Хорасан во североисточниот дел на Иран, објави тамошниот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случи во 8:32 часот по локално време на длабочина од шест километри, во близина на градот Гушан.

Земјотресот погоди неколку области во провинцијата, вклучувајќи го и главниот град Машхад.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Иранската Црвена полумесечина информира дека спасувачките екипи се во состојба на готовност. Американскиот институт за геофизика, од своја страна, објави дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степени на длабочина од два километри. Иран е подложен на речиси секојдневни земјотреси бидејќи се наоѓа помеѓу неколку тектонски плочи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот