Фото: ИНГВ

Силен земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јужна Италија, се тресеше и во Неапол

Националниот институт за геофизика и вулканологија од Италија (ИНГВ) регистрирал земјотрес со јачина 6,2 степени, со епицентар во морето крај тиренскиот брег на Калабрија, во близина на Белмонте Калабро. Земјотресот се случил на длабочина од 250 километри, пренесува Еуроњуз.

Потресот бил силно почувствуван долж тиренскиот брег, но засега нема информации за причинета штета. Земјотресот го почувствувале и во Неапол, како и во повеќе делови на Калабрија, Базиликата, Пуља и Сицилија.

По земјотресот, регионалната служба за цивилна заштита стапила во контакт со општините најблиску до епицентарот, меѓу кои Амантеа, Цетраро и Ламеција Терме, без да добие пријави за штета.

„Ситуацијата е под контрола“, изјави градоначалникот на Козенца, Франц Карусо.

Пожарникарите извршиле проверки долж тиренскиот брег во областа на Козенца за да утврдат дали има потенцијални проблеми.

Како земјотрес од 6,2 степени не предизвика штета?

И покрај неговата јачина, земјотресот не предизвикал штета бидејќи клучна улога одиграла неговата голема длабочина – 250 километри под површината. Тоа се смета за невообичаено голема длабочина и значително го намалило интензитетот на тресењето на тлото.

Иако бил почувствуван на широко подрачје во Јужна Италија, голем дел од неговата енергија се распрснала пред да стигне до површината, со што бил намален ризикот од оштетувања на објекти и инфраструктура.

Според ИНГВ, земјотресот е поврзан со субдукцијата на јонската литосфера под Калабрија – геолошки процес типичен за јужниот дел на Тиренското Море. Подрачјето се карактеризира со честа длабока сеизмичка активност и во минатото има забележано земјотреси со јачина поголема од 5 степени, со епицентри слични на оној на земјотресов што се случи ноќта меѓу 1 и 2 јуни.

Силен земјотрес во Хрватска —„Експлозија и потрес под нозете“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот