Фото: ФК Силекс

Силекс ќе игра во полуфиналето од Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс не дозволија изненадување во четвртфиналното соочување од Купот на Македонија против второлигашот Детонит Плачковица.

Кратовци триумфираа со конечен резултат 3:0, а стрелци на головите беа Дарко Додев, Дарко Ангелески и Мигел Фереира Пиреш.

Силекс минатата сезона беше елиминиран во четвртфиналето, а годинава успеа да ја надмине оваа фаза.

Силекс во полуфиналето за противник ќе го има Охрид, кој вчера го елиминираше Вардар.

Во второто полуфинале од куп натпреварувањето, составот на Шкендија Арачиново по победата над Работнички го чека епилогот од дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Тетово што ќе се одигра на 18 март 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот