Сијарто: Не ни се потребни дополнителни сили на НАТО во Унгарија

Унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијатро/ Фото EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Унгарија нема да дозволи распоредување дополнителни сили на нејзина територија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој за порталот „Евроњуз“ изјави дека унгарската армија е способна да обезбеди државна безбедност поради тензиите околу Украина.

„Не, ние не сме се согласиле и нема да се согласиме на тоа, бидејќи на територијата на државата веќе имаме сили на НАТО, а тоа се унгарската армија и унгарските вооружени сили кои можат да ја гарантираат безбедноста на државата.“, рече Сијарто.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби претходно овој месец изјави дека САД привремено ќе распоредат дополнителни американски сили во Источна Европа, поради кризата околу Украина.

Американската војска од 1.000 членови ќе биде преместена од Германија во Романија, а уште 1.700 војници ќе бидат стационирани во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот