„Шверцерите“ нема да навиваат за Косово

Навивачката група „Шверцери“ ја одби поканата организирано да навива за Косово против Македонија на Националната Арена „Тодор Проески“ во баражот од Лигата на Нациите.

Навивачите на Шкупи нема да го бодрат Косово во натпреварот против Македонија во Скопје на 26 март.

Иако станува збор на навивачи од албанска националнот, доколку следат репрезентативни настапи, тие навивале само за Албанија и за ниту една друга репрезентација. Ова за весникот „Коха“ го изјавил претставникот на „Шверцерите“, Јусуф Рамадани.

За разлика од чаирчани кој јавно посочија дека нема да дојдат на Арената, од Тетово и од навивачите на Шкендија засега нема официјален став.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот