Швеѓанка обвинета за испраќање на 12-годишниот син во ИСИС, загинал на 16
Државјанка на Шведска е обвинета за воени злосторства поради учество во регрутирање на својот 12-годишен син на структурите на Исламската држава во Сирија, каде детето е убиено, рекоа обвинителите.
Препорачано
49-годишната жена, која се вратила од Сирија во 2020 година, е прво лице обвинето за учество во регрутирањето на сопствен син.
Детето родено 2001 година се борело од 2013 година за разни групи, меѓу кои и Исламската држава, а загинало во 2017 година.
Властите во Шведска не објавија други податоци за мајката и детето.
Обвинетата ги отфрли наводите, рече нејзиниот адвокат Микаел Вестерлинг. Ако биде осудена, ќе добие минимална казна од четири години затвор, рече обвинителката Рина Девгун.
Според Обединетите нации, регрутирањето деца помлади од 15 години е забрането според меѓународното хуманитарно право, додека таквата практика Меѓународниот кривичен суд ја третира како воено злосторство.
Судењето почнува на 10 јануари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
31мин
-
46мин
-
48мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


