Шведска за првпат ги затвора границите: Стоп за Британци и Данци поради појавата на новиот тип на коронавирус
Шведска забрани влез за странски државјани од Велика Британија и од Данска поради појавата на новиот тип на коронавирус во тие земји што е прво затворање на скандинавската земја од почетокот на пандемијата на ковид-19.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Колку е опасен новиот вид на коронавирус кој почна да се шири во Англија?
Но, Шведска не е единствена. Повеќе од 40 држави во светот досега забранија влез за британските државјани.
– За да го намалиме ризикот од ширење овде, владата денеска донесе одлука за забрана за влез, рече министерот за внатрешни работи на Шведска, Микаел Дамберг.
Забраната стапува на сила на полноќ, а покрај неа ќе бидат суспендирани и сите летови од Велика Британија во наредните 48 часа.
Д-р Никола Пановски: Новата мутација на коронавирусот нема да ја компромитира вакцинацијата!
Кунгуловски: Новите мутации на ковид-19 не треба да водат до паника, се гледа крајот на тунелот


