Фото: Горан Кунгуловски

Кунгуловски: Новите мутации на ковид-19 не треба да водат до паника, се гледа крајот на тунелот

Новата (новите) мутации во SARS-CoV-2 коронавирусот нити се неочекувани, нити треба да водат до паника. Како и секој вирус, така и SARS-CoV-2 кога се дели природно се појавуваат мутации, бидејќи процесот на делба е неперфектен, напиша на Фејсбук Ко-основачoт на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „ЖАН МИТРЕВ“, Горан Кунгуловски.

Колку е опасен новиот вид на коронавирус кој почна да се шири во Англија?

– Досега се детектирани илјадници мутации, но само мал број од нив значајно и функционално го променуваат вирусот. За разлика од инфлуенца вирусите, SARS-CoV-2 акумулира мутации далеку побавно. Најчесто овие мутации за користат како индикатор (баркод, маркер) за следење на епидемиолошки особености, како на пример поврзаност и потекло на кластери и единки во кластерите- вели Кунгуловски.

Според прелиминарните извештаи, како што вели Кунгуловски, новиот сој во Велика Британија е дефиниран од 14 мутации и 3 делеции и изгледа како да води до зголемена преносливост на вирусот, но не и до негативно влијание на клиничката слика.

Професор по медицина на Универзитетот во Ливерпул: Новиот вид на коронавирус ќе биде доминантен во целиот свет

-Најзначајните од нив се во spike генот: N501Y којашто е на позиција во рецептор-сврзувачкиот дел (RBD) кој директно обавува контакт со ACE2 рецепторот и веројатно го зголемува афинитетот кон него. Делецијата 69-70del, нејзината улога не се знае. P681H мутацијата пак се наоѓа на furin-засечното место во spike коешто може да има улога во влезот на вирусот во клетките- вели Кунгуловски.

Тој истакнува дека, новиот мутиран вирус, не би требало да има влијание врз ефикасноста на вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna, но останува да видиме, вели Кунгуловски.

Д-р Никола Пановски: Новата мутација на коронавирусот нема да ја компромитира вакцинацијата!

-Убавината на овие РНК вакцини е што со истата технологија и ланец на производство и тестирање, теоретски може веднаш (или релативно брзо) да се направи вакцина за било кој нов сој што произлегува од мутации во Spike протеинот- вели Кунгуловски.

Ова се, како што вели Кунгуловски, прелиминари податоци и потребни се додатни студии и секвенционирања. Не треба да се паничи, се гледа крајот на тунелот.

Хенкок: Новиот вид на коронавирус е надвор од контрола

Новиот вид на коронавирус предизвика страв во Европа, повеќе земји го запреа авио-сообраќајот со Велика Британија

ВИДЕО: Хаос на аеродромот Хитроу откако Британија ги откажа летовите поради појавата на новиот вид коронавирус

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот