Швајцарците на референдум го изгласаа воведувањето 13-та пензија

Фото: Images Money / Flickr (CC BY 2.0)

Швајцарците денеска на референдум се изјаснија за воведување на 13-та пензија, покажуваат првичните проекции на јавната телевизија СРФ.

Анкетата на СРФ покажа дека за дополнителната пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто.
Мерката беше предложена од швајцарскиот Сојуз на синдикати и партиите од левиот центар, а сега и е потребна поддршка од мнозинството од 26-те швајцарски кантони за да биде усвоена.

-Од перспектива на синдикатот, овој чекор е навистина голема пресвртница, изјави Лукас Голдер од анкетната компанија gfs.bern.

Владата, трговските лобија и актуелниот парламент, што инклинира кон десно, го отфрлија предлогот, тврдејќи дека е финансиски неодржлив.

Швајцарските гласачи претходно секогаш беа внимателни со давањето поддршка на мерки што може да се сметаат за ризични за економијата.

Гласањето за 13-та пензија е во спротивност со другите референдуми во изминатите децении на кои Швајцарците решително го отфрлија скратувањето на работната недела или продолжувањето на годишните одмори.
Во оваа алпска земја има загриженоста од зголемените трошоци за живот. Цирих, најголемиот град во Швајцарија, ја дели титулата најскап град во светот со Сингапур, покажува истражувањето на „Economist Intelligence Unit“, што беше објавено во ноември.

Се уште е непознато како ќе се финансира покачувањето на пензиите, што би стапило во сила од 2026 година.
Швајцарците денеска гласаа и за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, од 65 на 66 години, но тоа беше отфрлено на гласачките места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот