Швајцарците изгласаа за нула емисии на гасови до 2050 и за повисок данок за големите компании

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Мнозинството Швајцарци денеска на референдум го поддржаа планот за нулта емисии на гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година, покажуваат првичните резултати. Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот.

Швајцарците на денешниот референдум одобрија и воведување на данок од 15 проценти за големите компании, што се активни на меѓународно ниво.

Законот за климата го поддржале 58,7 отсто од граѓаните, додека повеќе од 79 проценти се изјасниле за новиот данок.

Референдумот за климата беше распишан по кампањата што ја почнаа научниците и еколозите за спас на швајцарските глечери, кои се топат со алармантна брзина.

Учесниците на кампањата првично предложија поамбициозни мерки, но подоцна го поддржаа планот на Владата, кој предвидува дека Швајцарија ќе постигне нула емисии до 2050 година.

Глечерите во Швајцарија минатата година доживеаја рекордно топење, губејќи повеќе од шест отсто од својот волумен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот