Фото: МИА

Шукова: Сеопфатна законска рамка во согласност со законодавството на ЕУ за клима ќе обезбеди законска основа за креирање политики

Потребна е сеопфатна законска рамка дизајнирана во согласност со законодавството за клима на Европската Унија. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вели дека со рамката ќе се обезбеди солидна законска основа за стратешко планирање и креирање политики согласно рамката на политиките на ЕУ за клима и енергија со перспектива до 2050 година, нагласи министерката за животна средина и просторно планирање

На денешната јавната расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за климатска акција, Шукова потенцираше дека е потребно и воспоставување на законска основа за координирана акција на национално ниво во однос на ублажување и адаптација кон климатските промени, вклучително и транспонирање и спроведување на законодавството за клима на ЕУ и јасно воспоставување на законска основа за утврдување одговорности на институциите и бизнис заедницата, нивните улоги и начинот на размена на информации.

Во моментот не постојат неопходни регулативни мерки и соодветна институционална поставеност потребна за да се обезбеди усогласување на национално законодавство со законодавството за клима на ЕУ, како и спроведување на регулативни мерки. Постојното законодавство за клима е недоволно и истото е ограничено во својот опсег и цели. Постои неусогласеност особено во однос на транспонирање и спроведување на механизмот за мониторинг и известување кое претставува обврска да биде транспонирано согласно одлуките на министерскиот совет на енергетската заедница и патоказот за декарбонизација, појасни Шукова.

Предлог-законот, додаде таа, прилагодува неколку правни акти на ниво на ЕУ, до степен возможен согласно нашиот статус на земја со отворен процес на полноправна членка во европското семејство.

Климатската акција е во сржта на европскиот зелен договор, вели министерката а тие се стремат кон негова имплементација. Според нејзе,тој претставува пресврт во зелените политики на ЕУ и носи со себе пакет мерки од повеќе области, а целта на зелениот договор е трансформација на ЕУ во модерна, одржлива економија и постигнување на климатска неутралност на ЕУ до 2050 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот