„ШТО ТЕ НЕМА“: По еден филџан кафе за секој загинат во Сребреница – Слободен печат
ВестиРегион

„ШТО ТЕ НЕМА“: По еден филџан кафе за секој загинат во Сребреница

Името на проектот го носи насловот на познатата песна „Што те нема“, на Јадранка Стојаковиќ.

„Што те нема“ е авторски проект на Аида Шеховиќ, која почнувајќи од 2006 година, па до денес, секоја година во различен град во светот организира креирање споменик за жртвите на геноцидот.

Таа за Кликс.ба вели дека идејата е секогаш оваа акција да се случува на јавно место, а инспирација е била една сребреничка мајка.

Шеховиќ прочитала приказна во која на прашањето што ѝ недостига најмногу, жената одговорила дека сопругот и семејството најмногу и недостигаат моментите во кои заедно пиеле кафе.

што те нема

Секој кој сака да земе учество може да донира филџани, а секој филџан симболизира една жртва на геноцидот. Првата поставка била во Сараево, а оваа година се одржа во Венеција. Кафе варат исто така доброволци кои сакаат да учествуваат во креирањето на овој споменик.

Голем е бројот на луѓе кои избегале во други земји, а тие со задоволство учествуваат во оваа акција, со цел никогаш да не се заборави Сребреница, но и никогаш да не се повтори нешто слично.

Името на проектот го носи насловот на познатата песна „Што те нема“, на Јадранка Стојаковиќ.

што те нема

Шеховиќ сведочи и дека во нејзината поставка се вклучуваат и луѓе кои за настанот дознаваат токму кога почнуваат со поставување на филџаните на јавниот простор.

„Овој споменик нема обележја, нема знамиња, нема симболи, ништо што на каков било начин може да ги подели луѓето“, изјавила таа за Кликс.ба.

Фотографии: „Што те нема“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close