Што се случува во кабинетот на канцеларката? – Меркел и нејзината министерка патуваат за САД во РАЗЛИЧНИ АВИОНИ

Германската канцеларка и нејзината министерка за одбрана денеска летаат за САД со различни авиони, само неколку дена откако владејачката коалиција во Германија донела пакет на мерки против климатските промени, објави Политико, повикувајќи се на германските медиуми.

Канцеларката Ангела Меркел за Њујорк, каде се одржува Генералниот собир на Обединетите Нации, ќе полета со авионот од аеродромот во Берлин во околу 15.30 часот, заедно со делегацијата од 55 членови, пишува Билд ам зонтаг.

Анегрет Крамп-Каренбауер, министерката за одбрана и претседателка на Христијанското-демократска унија, од истиот аеродром ќе полета еден час подоцна. Таа, наводно, патува во Вашингтон каде ќе се сретне со американскиот колега, Марк Еспер.

Неколку германски медиуми, вклучувајќи го и Шпигл, објавиле дека првобитно било планирано тие заедно да патуваат, но дека Крамп-Каренбауер ќе се вратела со комерцијалниот лет во понеделник, односно ден порано пред Меркел.

Меѓутоа, портпаролот на канцеларката за Политико изјавил дека „патувањата независно биле планирани“.

Германската влада по долга седница пред два дена постигнала договор околу климатскиот пакет кој би требал да обезбеди постигнување на климатските цели на земјата до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот