Будење - Фото: pexels-shvets-production

Што се случува со вашето тело ако се разбудите кога надвор уште е темно

Многумина се соочуваат со предизвик да станат од топлиот кревет кога надвор уште е темно, особено во зимските месеци. Но, тоа може значително да влијае на здравјето.

„Кога постојано се будите во темница, телото е принудено да го надмине својот природен биолошки ритам. Светлината е главен регулатор на циркадниот ритам, внатрешниот часовник на телото кој ни кажува кога да се чувствуваме будни, а кога поспан“, објаснува д-р Сузан Вајли за британски „Метро“.

Без утринска светлина, телото не добива сигнал за зголемување на кортизолот, хормон кој нè буди, ниту за намалување на мелатионот, кој би требало да ни помогне полесно да се разбудиме.

„Изложеноста на утринска светлина го регулира и серотинот, кој ја подобрува расположбата и го подготвува телото за производство на мелатион навечер. Луѓето кои постојано се будат во темница се почесто раздразливи, со помала мотивација и полошо расположение“, додава д-р Вајли.

Ова е делумно причина зошто сезонското афективно пореметување (САП) е почесто во зимските месеци, кога ноќите се подолги. Дури и оние кои немаат САП често се чувствуваат поспано и имаат потешкотии со концентрацијата.

Будењето од длабок сон во темница може да го наруши квалитетот на сонот, да го промени циркадниот ритам и ослободувањето на хормони како мелатионот. Неговото ниво обично се зголемува навечер за да подготви за сон и опаѓа наутро, но долготрајната темнина ги збунува овие сигнали, што доведува до прекинат сон.

Лошиот сон е поврзан со зголемен ризик од висок крвен притисок, дијабетес тип 2 и зголемување на телесната тежина, бидејќи го нарушува метаболизмот.

„Некои имунолошки клетки се водат според дневните ритми и се најактивни во одредено време од денот. Нарушувањето на сонот и биолошкиот часовник може да ја намали ефикасноста на имунолошкиот одговор“, истакнува д-р Вајли.

И метаболизмот е чувствителен на будење пред изгрејсонце, бидејќи и тој е тесно поврзан со циркадниот ритам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот