Што се мајмунски сипаници
Околу 80 случаи на инфицирани од мајмунски сипаници се потврдени во 11 земји, објави Светската здравствена организација на крајот на мај 2022 година. Од таму предупредија дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи. Која е оваа ретка и не многу позната болест?
Колку се чести мајмунските сипаници?
Сипаниците се предизвикани од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни.
Експертите велат дека шансите да се зарази човекот од нив со нив се многу мали.
Тие се јавуваат главно во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.
Постојат два главни соеви на вирусот – западноафрикански и централноафрикански.
Двајца заразени пациенти во Велика Британија пристигнале од Нигерија, па многу е веројатно дека заболуваат од западноафриканскиот вид на вирусот, кој обично е благ, но сè уште не е потврден.Третиот случај бил здравствен работник кој го заразил вирусот од еден од пациентите.
Четирите најнови случаи – три во Лондон и еден во северозападниот дел на Англија – немаат познати врски или историја на патување па се смета дека тие се заразиле со вирусот во Велика Британија
Од Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Бртианија велат дека секој што се сомнева дека е заразен треба да посети лекар, но прво да се јави во здравствениот дом или клиниката за да закаже преглед.
Вирусот е регистриран и во Шведска, Португалија, Шпанија, САД и Канада.
Кои се симптомите?
Почетните симптоми се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност.
Кога температурата ќе опадне, кај пациентот може да избие осип, најчесто прво на лицето, а потоа да се прошири на другите делови од телото, најчесто на дланките и на стапалата.
Осипот, кој може екстремно чеша, се менува и поминува низ различни фази пред конечно да формира краста, која подоцна паѓа.Лезиите можат да остават лузни.
Инфекцијата обично поминува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.
Како се пренесуваат?
Мајмунските сипаници може да се пренесат кога некој ќе дојде во близок контакт со заразено лице.
Вирусот може да влезе во телото преку пукнатини на кожата, респираторниот тракт или очите, носот или устата.
Претходно не беше опишано како сексуално пренослива болест, но може да се пренесе преку директен контакт преку сексуален пат .
Може да се пренесе преку контакт со заразени животни како мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вирусот, како постелнина и облека.
Колку се опасни?
Повеќето случаи на вирусот се благи, донекаде слични на сипаници и исчезнуваат сами по себе во рок од неколку недели.
Сепак, мајмунските сипаници понекогаш може да бидат посериозни, а постојат и наводи дека предизвикала смрт во Западна Африка.
Колку се чести епидемиите?
Вирусот првпат бил идентификуван кај мајмуни во заробеништво, а спорадични епидемии се пријавени во 10 африкански земји од 1970 година.
Во 2003 година избувна епидемија во Соединетите Американски Држави, за прв пат болеста да биде пријавена надвор од Африка.
Пациентите се заразиле со оваа болест преку близок контакт со кучиња од прерии кои биле заразени од разни мали цицачи увезени во земјава.
Пријавени се вкупно 81 случај, но ниту еден не завршил со смрт.
Нигерија ја доживеа најголемата епидемија регистрирана досега во 2017 година, приближно 40 години откако земјата го имаше последниот потврден случај на мајмунски сипаници.
Имаше 172 сомнителни случаи на мајмунска сипаница, а 75 отсто од жртвите беа мажи на возраст меѓу 21 и 40 години.
Лекување
Не постои специфичен третман за мајмунска сипаница, но епидемијата може да се запре со спречување на инфекција.
Вакцината против сипаници се покажала како 85 отсто ефикасна во спречувањето на мајмунските сипаници и сè уште понекогаш се користи за таа цел.
Дали треба да бидеме загрижени?
Експертите тврдат дека не сме на работ на национална епидемија, а според јавното здравство на Англија, ризикот за јавноста е мал.
Ескпертите велат дека инфекцијата на мајмунските сипаници не се шири лесно меѓу луѓето и дека севкупниот ризик за јавноста е многу низок“.