Што прави денеска: Јелена Чокрева, инструкторка по пилатес

Фото: Приватна архива

Јелена Чокрева има 32 години и живее и работи во Скопје. По професија е дипломиран економист, но љубовта кон спортот и вежбањето ја одвело во сосема друга насока и денес таа е ко-сопственичка и инструкторка по активен пилатес и фунционален тренинг во „Пилатес Поинт“, а приватно сопруга и мајка на 3 годишниот Лука.

Фото: Приватна архива

Јелена ни долови како изгледа еден нејзин ден…

Утрата секогаш ми почнуваат динамично, најпрво пијам кафе, правам план за тренинзи и проверувам што има на листата со обврски за денот, а потоа продолжувам со подготовки на Лука за во градинка и јас за на работа доколку тој ден имам утрински тренинзи.

Фото: Приватна архива

Обично тренирам наутро, па тренингот гледам да го вклопам или после утринските тренинзи во сала или дома доколку немам работни обврски утрото. Без разлика како ми тече утрото, секогаш појадувам, некогаш е тоа смути „на нога“, некогаш е здрав појадок во кој вложувам малку повеќе труд.

Фото: Приватна архива

После утринските обврски и активности вообичаено го користам слободниот дел од денот за да се видам со некој од блиските луѓе на кафе, да завршам некоја лична обврска, пред да се вратам дома на подготовките за ручек кои секогаш без исклучок ги правам слушајќи некој подкаст во позадина.

Фото: Приватна архива

Во зависност од тоа кој ден од неделата е и каков е распоредот попладневните часови најчесто ги поминувам на тренинзи со моите вежбачки во „Пилатес Поинт“, а доколку имам слободно попладне гледам максимално да го искористам слободното време со Лука на различни активности и прошетки со семејството и пријателите.

Фото: Приватна архива

Вечерите откако ќе заспие Лука се секогаш резервирани на време со сама себе или со сопругот, вечерна рутина за нега на лицето и телото, уживање во филмови, серии и вкусна вечера. Легнувањето е најдоцна до 11 часот.

Фото: Приватна архива

Што прави денеска: Филип Макрадули, интернационален модел

Што прави денеска: Драгана Левенска, актерка

Што прави денеска: Бобан Тодоровски, професионален шминкер и фризер

Што прави денеска: Фросина Ангеловска – Фран, модна дизајнерка и професионална шминкерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот