Што прави денеска – Јасна Лековска, инструкторка по пилатес

Фото: Јасна Лековска/Приватна архива

Познатата инструкторка по пилатес, Јасна Лековска, ни долови што се прави во едно деноноќие.

„Денот ми започнува во 6 часот наутро. Со пиењето на утринското кафе во мир и тишина, го отворам организерот (Notes) за да направам преглед на обврските што ги имам во текот на денот.
Потоа, следува секојдневната рутина околу лицето, како и подготовката со ќерка ми Лиа за одење во градинка. Потоа продолжувам на работа во студиото „Тринити“.

Фото: Јасна Лековска/Приватна архива

Секој ден, наутро имам часови – групни и персонални тренинзи, а откако ќе завршам со нив, понекогаш знам да испијам кафе со пријателките или да одам на некој третман за себе, или пак да се посветам на завршувањето на некоја од обврските за клиентите со коишто соработувам.

Лиа завршува со градинка во 12.30 часот, па потоа следува играње со братучетка ѝ Срна и јадење сладолед. Лиа ми прави друштво во текот на персоналните часови (тренинзи) што ги имам со клиентите во понатамошниот тек на денот. Таа јаде крофна, а тие вежбаат (хахаха).

Фото: Јасна Лековска/Приватна архива

Попладнето го чекаме син ми Јан да се врати од тренинг по пливање или кошарка, па сите заедно седнуваме на заеднички ручек – вечера.

Лиа заспива околу 20 часот, а потоа следува гледање некоја серија со Јан и Марко и подготовка за спиење и завршеток на денот.“

Фото: Јасна Лековска/Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот