Што прави денеска: Емилија Мицeвска Трајковиќ, актерка

Емилија Мицeвска Трајковиќ
Емилија Мицeвска Трајковиќ / Фото: Ерина Богоева/Никола Јовановиќ

Емилија Мицeвска Трајковиќ е македонска театарска и филмска актерка. Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а веднаш по дипломирањето во 2014 година станала дел од ансамблот на Драмскиот театар во Скопје каде до ден-денес работи.

Кога не е на сцена, Емилија слободното време сака да го поминува во природа, каде ги полни батериите.

Емилија Мицeвска Трајковиќ
Емилија Мицeвска Трајковиќ / Фото: Ерина Богоева

Толкувала многубројни ликови во претстави, а ќе извдоиме само неколку – Софар во „Јов“, Срамежливко во „Снежана и седумте џуџиња“, Агара во „Библијата“, Светле во „Буре барут“ и многу други.

Со нејзиниот сопруг, актерот Филип Трајковиќ работеле на многу заеднички проекти како претставите „Мојот маж“, „Кралот Иби“, „Вера, надеж, љубов“ и други. А, ќе ја видиме со своја улога и во филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски.

Ја замоливме Емилија да ни раскаже како приближно изгледа еден нејзин ден, па еве што ни откри таа…

– Утрата ми започнуваат со кучешки бакнежи и кафе. Другите ритуали зависат од тоа дали и кога имам обврски во денот. Овој период ми е преубав од професионален аспект, секој ден имам снимања, кастинзи, театарски фестивали па навистина се гордеам што успевам да завршам сè без да бидам под стрес дали ќе постигнам.

Емилија Мицeвска Трајковиќ
Емилија Мицeвска Трајковиќ / Фото: Ерина Богоева

Живеам подалеку, што значи дека доброто организирање ми е приоритет во секојдневието. За сето тоа да функционира, морам прво јас да сум добра. Секогаш одвојувам време за себе дури и кога го немам. Во постојана комуникација сум со моите пријатели и семејството и тоа ме прави среќна и задоволна.

Каков и да е денот, мене секогаш музика ме следи. Утрово бев на кастинг, сега пијам сок од портокал и ќе тргнувам на сет за снимање. Инаку, со претставата „Чудна случка на кучето во ноќта“ на Зоја Бузалковска игравме на Охридско лето.

Емилија Мицeвска Трајковиќ
Емилија Мицeвска Трајковиќ / Фото: Никола Јовановиќ

Во послободните денови или сум дома или сум со пријателите, одам на планини и собирам печурки, чистам, го негувам домот или покануваме роднини и пријатели на ручек и вечера. Благодарна сум секогаш за сè, за сите убави, лоши прилики и ситуации во животот и секогаш се трудам да ја искоренам мудроста од сè.

Сакам животни, дружби, планини, музики сакам да давам многу љубов и да ги потсетувам луѓето колку се прекрасни. Јас сум тотален емпат кој се обидува да живее, да ги разбира туѓите перцепции, чувства, состојби и секогаш сум спремна за новите предизвици во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот