Што правеше посрамениот австриски политичар Штрахе во Белград (ФОТО)

Поранешниот вицеканцелар на Австрија, Ханц Кристијан Штрахе/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Штрахе, кој во мај мораше да поднесе оставка од сите политички функции поради корупциската афера „Ибица“, на Фејсбук објави фотографии со Срѓан Ѓоковиќ и со пехарите кои ги има освоено Новак Ѓоковиќ.

Пораниешниот австриски вицеканцелар и министер за спорт Хајнц-Кристијан Штрахе неодамна престојуваше во Белград, пишува српски „Б92“.

Во главниот град на Србија, тој се сликаше Срѓан Ѓоковиќ, таткото на еден од најдобрите тенесери на денешницата.

Штрахе, кој во мај мораше да поднесе оставка од сите политички функции поради корупциската афера „Ибица“, на Фејсбук објави фотографии со Срѓан Ѓоковиќ и со пехарите кои ги има освоено Новак Ѓоковиќ.

– Со Срѓан Ѓоковиќ – таткото на тениската легенда Новак Ѓоковиќ – во Белград пред импресивниот збир на пехари на неговиот си, кој моментално е на второто место на Светската листа – напиша Штрахе.

Австриските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Штрахе би можел да се врати во политиката, и тоа пред изборите во покраината и изборите за локалната власт во Виена.

Таквите шпекулации тој ги поттикна со повеќе двосмислени објави преку социјалните мрежи, но и со најавата дека е говорник на првиот собир на неодамна основаниот „Сојуз за Австрија“ (ДАО).

ДАО го основаа поранешни пратеници од Партијата за слобода на Австрија (ФПО), кои се блиски до Штрахе, па се очекува дека на тој собир би можел да го објави враќањето на политичјата сцена.

Mit Sjrdan Djokovic (dem Vater der Tennislegende Novak Djokovic) in Belgrad vor der äußerst beeindruckenden Pokalsammlung seines Sohnes, welcher aktuell die Nummer 2 der Tennis-Weltrangliste ist! ??

Publiée par Heinz-Christian Strache sur Samedi 18 janvier 2020

Поврзани вести: 

Аферата „Ибица“ нема да го спречи Штрахе да се врати во политиката

АФЕРА ИБИЦА: Индустријата на филмови за возрасни профитира од скандалот на Штрахе

Афера „Ибица“: Уапсени неколку Балканци кои учествувале во скандалот кој ја заврши политичката кариера на Штрахе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот